Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа одредени официјалните лица за натпреварите од завршниот турнир во Купот на Македонија.
Финалето во машка конкуренција што ќе се одигра в сабота од 18:00 часот, ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Полуфиналната средба меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет ќе ја судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека средбата меѓу Алкалоид и Вардар ќе биде за Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Сите натпревари од завршницата на Купот на Македонија во двете конкуренции ќе се играат во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.