Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните натпревари и завршните турнири.
Кај кадетките познати се сите четвртфиналисти, кои ќе се борат за место меѓу најдобрите четири оваа сезона.
Гевгелија ќе го пречека Скопје, Вардар ќе биде домаќин на Стружанка, додека Јехона ќе се соочи со Делчево Вардар.
Последната четвртфинална двојка ќе се решава во Прилеп, каде што Деспина ќе го пречека составот на Ѓорче Петров.
Кадетки, четвртфинале:
Гевгелија – Скопје
Вардар – Стружанка
Јехона – Делчево Вардар
Деспина – Ѓорче Петров
Четвртфиналните натпревари се предвидени да се одиграат на 13 или 14 мај, додека завршниот турнир е планиран за 27 и 28 мај.