Еурофарм Пелистер со триумфот над Вардар од 26-23 направи голем чекор напред до титулата која после 18 години повеќе од сигурно ќе се врати во Битола. Сега битолчани имаат три бода предност во однос на Вардар на табелата.
Десното крило Ненад Костески со шест гола беше еден од двајцата најпрецизни играчи на битолскиот тим, со по три во секое полувреме, и особено двата гола пред крајот на средбата кога Еурофарм Пелистер поведе со 26-21.
„Презадоволен сум, одигравме феноменален меч. Покрај оваа публика се е можно. Не е се уште завршено. Одиме максимално да ги одрабтиме тие два меча. Редно е да ја вратиме таа титула од 18 години во Битола. Оваа екипа има карактер, и верувам во нејзе. И Господ ни враќа. Заслужуваме да бидеме шампиони, вели Костески за 24ракомет.
Погледнете ја целата изјава на Костески.