Ракометарите на Вардар на денешното гостување во Битола беа поразени од Еурофарм Пелистер со 26:23 и доколку битолскиот тим не киксне во последните две кола, тогаш Битола ќе се радува на шампионската титула.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски, не беше задоволен од играта на неговите избраници и имаше пофални зборови за Еурофарм Пелистер, како и за битолската публика.
,,Попушти концентрацијата, тие играчи кои требаше да се како додадена вредност не го издржаа притисокот од публиката и значењето на оваа утакмица и не ги испочитуваа договорените работи. Не знам што да кажам, но и ние сме екипа која може да изгуби. Им честитам на Еурофарм Пелистер, одиграа добар натпревар, можам да ја пофалам и публиката, беше навистина одлична, навиваше, упатувам честитки и до навивачката група на ривалот и до цела Битола, тоа е спортски и треба да се признае. Ние направивме доста грешки, што за вакво дерби е многу”, изјави Недановски.
Вардарци во последните две кола играат против Тиквеш и Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер против Охрид и тимот од Кавадарци.
Битола почнува да слави – Еурофарм Пелистер на два чекори до титулата