Струга го „наполни“ Вардар Неготино – гостите во бараж за опстанок

Екипата на Вардар Неготино е блиску до баражот за опстанок откако загуби на гостувањето кај Струга со 30-41. Со трите бода Струга и официјално избори опстанок во Супер лигата на две кола до крај, а неготинци ќе „се тресат“ до последното коло.

Иако играа со 13 ракометари Струга уште во првото полувреме ги реши сите дилеми откако поведе со 21-10. Потоа се беше веќе само рутина. Гостите немаа шанса да се вратат во игра и својата шанса за директен опстанок ќе треба да ја бараат на некој од следните натпревари.

Во тимот на Струга со 9 гола најефикасен беше Петар Маркоски, а еден помалку постигна Урош Лазаревиќ. Кај гостите Костадин Петров даде 6 гола.

Во следното коло Вардар Неготино гостува кај Јуниор Кисела Вода,а во последното е домаќин на Куманово. Покрај добри резултати од своите мечеви ќе мора да чека на кикс на Скопје.