Во спортската сала „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот ќе започне најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Двајцата тренери, Александар Јовиќ и Владо Недановски веќе се одлучија за составите на овој натпревар.
Во битолскиот состав недостигаат повредениот Руди Сери, ќе ги нема Мартин Велковски, Бобан Ристевски и Дарко Стевановиќ, како и Петар Атанасијевиќ.
Во ростерот на Вардар ги нема голманот Васил Гогов, потоа Стефан Атанасовски, Марко Добрковиќ и Марио Стојановски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Еурофарм Пелистер: Ојлески, Кузманоски, Лејсак, Кисум, Танкоски, Радовиќ, Хосни, Кукоски, Дејвис, Костески, Василев, Хенеберг, Атанасијевиќ Павле, Кизиќ, Пешевски, Суси.
Вардар: Ристовски, Манасков, Томовски, Аларов, Јагуриновски, Моралес, Ѓукиќ, Ќосевски, Стоилов, Георгиевски, Талески, Лазаревски, Карапалевски, Фереира, Мишевски, Маркоски.