Ракометарките на Вардар на гостувањето во Струга кај Стружанка забележаа убедлива победа од 34:24 во натпревар од 7. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Екипата на Стружанка даде силен отпор во најголемиот дел од првото полувреме, во кое се покажа како незгоден ривал. Гостинките од Скопје имаа големи проблеми во првиот дел и никако не можеа да се одлепат на поголема разлика. Домаќинките во осум наврати беа во водство и пред крајот на првиот дел дојде до пад во нивната игра.
Откако Стружанка имаше ,,плус два” 12:10, избраничките на Царчев направија одлична серија од 5:0 победувајќи со 15:12. Токму овие три гола беа најголемата предност за Вардар во првиот дел. Гостинките на полувреме имаа активен резултат од 17:14.
Во продолжението дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи, па така во домашниот табор немаше многу опции за изненадување. Вардарки со неколку мини серии започнаа да создаваат убедлива разлика, која на крајот изнесуваше плус десет.
Најефикасни во победничката екипа беа Сара Стефаноска со седум и Бојана Диневска со шест погодоци. Кај поразениот табор отскокна Магдалена Делиоска, имаше осум погодоци во мрежата на гостите.