Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени полуфиналните парови за пионерската машка лига.
Место на Ф4 турнирот обезбедија екипите на Еурофарм Пелистер, Куманово, Аеродром и Голден Арт.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Голден Арт и Еурофарм Пелистер, додека второто полуфинале го сочинуваат Куманово и Аеродром. Сите екипи ги освоија првите места во групите, а потоа победија и во четвртфиналните натпревари каде беа домаќини.
Ф4 турнирот кај пионерите ќе се одржи на 7 мај во Скопје, поточно во малата сала во СЦ ,,Јане Сандански”. Организатор на турнирот е тимот на Аеродром.
Полуфинални парови
- 10:30 часот МРК Куманово – РК Аеродром
- 12:30 часот РК Голден Арт КЛ7 – РК Еурофарм Пелистер
- 17:00 часот натпревар за 3-то место
- 18:45 часот финале
Ланската година титулата во пионерска категорија ја освои екипата на Бисинов, која во финалето славеше над Струга со 21:18.