Светската ракометна федерација го објави повикот за заинтересирани организатори на Мундијалите во 2029 и 2031 година во машка и женска конкуренција.
Сите членки на ИХФ, кои се заинтеересирани за организација мора да ги поднесат своите писма со намери најдоцна до 30 јуни.
Потоа треба да достават концепти за настаните најдоцна до 30 септември, а откако ИХФ ќе изврши инспекции на салите и градовите организатори на пријавените држави.
Доделувањето на организацијата ќе биде во 2024 година.
Дотогаш СП 2023 кај дамите ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, во 2025 година во Холандија и Германија, додека во 2027 година во Унгарија.
Кај мажите, СП 2025 ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка, додека во 2027 година ќе биде во Германија.