В четврток во просториите на Ракометната федерација на Македонија на пладне ќе се одржи ждрепката за завршните турнири во Купот во двете конкуренции.
Домаќин на натпреварите ќе биде СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, а настанот ќе се одржи од 11 до 13 мај.
Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет и новиот суперлигаш Алкалоид ќе се борат за трофејот, додека кај дамите место на завршницата обезбедија Металург, Ѓорче Петров, Вардар и Куманово.
Бранител на титулата во машка конкуренција е Вардар, додека во женска конкуренција екипата на Металург.