Тимот на Коњалти Анталија, каде што играат двете македонски репрезентативки Ивана Гакидова и Моника Јанеска, беше поразен во првиот меч од финалето на Европскиот Куп.
Коњалти Анталија загуби на гостински терен во Шпанија кај Атлетико Гуардес со 23-17 и ќе брка шест гола во вториот финален натпревар.
Кружниот напаѓач Гакидова имаше два гола на овој натпревар, додека средниот бек Јанеска не се запиша во листата на стрелците.
Реваншот меѓу Коњалти и Атлетико Гуардес од финалето на Европскиот Куп се игра следната сабота, а ќе го суди македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева.