Машката кадетска репрезентација на Македонија на вториот контролен натпревар против Хрватска триумфираше со 31:27 (13:12).
За разлика од првиот меч, на кој ,,коцкестите” беа подобри со 27:22, денес избраниците на Раде Стојановиќ одиграа далеку подобро.
Пријателските дуели на кадетската репрезентација се дел од подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска што ќе се одржи од 2 до 13 август.
Нашите кадети на Мундијалот се во група со Норвешка, Грузија и Црна Гора.