Машката репрезентација на Македонија вечерва во Луксембург со победа ќе го завери пласманот на Европското првенство.
Каде и да играат избраниците на Кире Лазаров ја имаат поддршката од навивачите, а така ќе биде и вечерва во СЦ „Кок“ во Луксембург, каде се очекуваат околу 150 Македонци.
Ако се суди според триумфот на првиот меч против овој ривал, 38-24, и со изменетиот состав на домаќинот, тогаш се освен нова убедлива победа на Македонија, ќе биде сензација.
Во првиот меч од петтото коло во нашата група, Португалците славеа на гостувањето кај Турција со 37-35.
Мечот меѓу Луксембург и Македонија стартува во 20:15 часот.