Македонија – Турција за 100 денари, билети во продажба од денеска на пладне

Ракометната федерација на Македонија објави дека денеска стартува продажбата на билетите за дуелот против Турција од квалификациите за ЕП 2024 година.

Билетите се по цена од 100 денари, а продажбата започнува денес во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс,  а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Македониија денеска гостува кај отпишаниот Луксембург, додека в недела во Скопје ја пречекува Турција.

Мечот со Турција е на програмата на 26 април од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а со победа на овој дуел, нашата селекција ќе го освои второто место во квалификациската група.