Германскиот Фленсбург објави дека тренерот Мајк Махула доби отказ, иако имаше договор со бундеслигашот до 2026 година!
Елиминацијата во полуфиналето на Купот на Германија, како и европската елиминација од Гранољерс, се чини дека најмногу го погоди раководството.
Капак на се, беше и поразот од Кил со десет гола разлика, со што Фленсбург ги намали шансите за титула во Бундес лигата.
Махула дојде во Фленсбург во 2017 година, освои две титули во следните две сезони, а претходно работеше ако асистент на Љубомир Врањеш.