Голманот на Охрид, Александар Миленковиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Српскиот чувар на мрежата беше меѓу клучните поединци на мечот што Охрид го доби против Тиквеш и остана во трка за место во Европа.
Тој освои околу 40% од гласовите, а второпласираниот Дејан Гошевски собра околу 25% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Игор Ѓоргиев, Ненад Костески, Филип Талески, Петар Маркоски и Марио Мишевски.