На ракометната програма во Македонија денес има вкупно шест дуели. Два натпревари се во рамките од прволигашкиот плеј-аут, три натпревари во Женската лига и еден дуел во борбата за опстанок во Супер лигата.
Со почеток од 18:00 часот дерби дуел ќе имаат екипите на Металург и Вардар во Автокоманда. Двете екипи се во борба за подобар пласман во единствената лига кај дамите.
Металург со евентуална победа ќе ги зголеми шансите за второто место на табелата. Вардарки заедно со Куманово имаат по 19 бодови и доколку триумфираат денес, тогаш ќе го преземат второто место, на кое моментално се наоѓа Чаир, кој има 21 бод.
Актуелниот шампион Ѓорче Петров на свој терен ќе го пречека незгодниот состав на Пелистер, додека новакот Скопје ќе гостува во Прилеп кај Деспина.
Вардар Неготино во натпревар од 11. коло од плеј-аут фазата во македонската елита ќе се соочи со тимот на Прилеп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 ПАРТИЗАН – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 СИЛКЕБОРГ – ГОГ (ДАНСКА)
16:30 ФРЕДЕРИЦИЈА – АРХУС (ДАНСКА)
17:00 РАДНИЧКИ – КОСТОЛАЦ (СРБИЈА)
17:30 БРУЛ – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)
18:00 ПАНЧЕВО – ШАМОТ (СРБИЈА)
18:00 ЛОКА – КРКА (СЛОВЕНИЈА)
18:00 МЕТАЛУРГ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПРЕСПА – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ДЕСПИНА – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БИДАСОА – АДЕМАР ЛЕОН (ШПАНИЈА)
18:00 ЕРИЧЕ – МЕЗОКОРОНА (ИТАЛИЈА)
18:00 БАЛАТОНФУРЕДИ – БУДАКАЛАШ (УНГАРИЈА)
18:00 ДОБОЈ – СЛОБОДА (БИХ)
18:30 БЕЛГРАД – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
18:30 СЛОВАН – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
18:30 ЛЕМГО – БЕРГИШЕР (БУНДЕС ЛИГА)
19:00 ЈУГОВИЌ – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:00 КИКИНДА – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (СРБИЈА)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ДОБОВА – ГОРЕЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ГОРИЦА – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ГОРИЦА – ДУБРАВА (ХРВАТСКА)
19:30 ХУЕСКА – КУЕНКА (ШПАНИЈА)
20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – НИЦА (ФРАНЦИЈА)
20:00 ВОЈВОДИНА – АЛИНГСАС (ЕВРОПСКИ КУП)