Голманот на Вардар Неготино, Даниел Ацев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Велешанецот беше меѓу клучните ракометари на Вардар Неготино во високиот триумф над составот на Радовиш.
Тој освои околу 45% од гласовите, а второпласираниот Петар Маркоски од Струга собра околу 18% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Реваз Чантурија, Усама Хосни, Мирко Мајиќ, Себастијан Хенеберг и Ласко Андоновски.