Ракометарките на Вардар на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле СУ забележаа убедлива победа од 33:17 во натпревар од 4. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Првиот дел започна со доминација на гостинките, влегоа во одлична серија и се одлепија на шест гола разлика, 7:1. Од тој момент се беше јасно како ќе се одвиваат работите во остатокот од дуелот.
Гостинките додатно ја зголемија предноста, ја казнуваа речиси секоја грешка на ривалот и на полувреме заминаа со плус осум, 15:7.
Вардар во вториот дел продолжи со исто темпо, домаќинот немаше сили да се спротистави на разиграните гостинки, кои во продолжението не потфрлија и не се опуштија во ниту еден момент.
Најефикасни во победничката екипа беа Магдалена Тошеска со девет и Бојана Диневска со шест погодоци.
Кај Овче Поле СУ немаше истакнат лидер, две ракометарки, Јована Конева и Јована Ангеловска ги предводеа стрелците, три пати се запишаа во листата на стрелци.