Екипата на Фасано, во која настапува поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, во последното коло од регуларниот дел во шампионатот на Италија беше поразена од Сасари со 34:33.
Сепак, тимот на Петровски уште од поодамна имаше обезбедено настап во плеј-оф фазата каде ќе се бори за освојување на титулата.
Битолчанецот во дуелот со Сасари двапати се запиша во листата на стрелци и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.
Фасано за ривал во полуфиналето од плеј-офот ја има екипата на Меран. Подобриот од овој двобој ќе игра во финалето со победникот од дуелот меѓу Сасари и актуелниот шампион Бриксен.