Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден ракометар од Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Охрид, Голден Арт, Струга, Еурофарм Пелистер 2 и Скопје.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21-22
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 22-21
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 28-19
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 25-26
ЈУНИОР КВ – СТРУГА 25-30
КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО 31-22
РАДОВИШ – СКОПЈЕ 24-29
ГОЛДЕН АРТ – ПРИЛЕП 31-23
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Благојче Трајкоски (Алкалоид) – Искусниот голман со 15 интервенции беше предводник на новиот суперлигаш во големата победа над шампионот Вардар.
Лево крило: Марио Мишевски (Скопје) – Членот на Скопје со девет голови беше меѓу најзаслужните за победата над Радовиш.
Лев бек: Себастијан Хенеберг (Еурофарм Пелистер) – Иако битолчани тешко стигнаа до бодови во Кавадарци, Данецот беше меѓу најдобрите поединци со седум гола.
Среден бек: Петар Бугариновиќ (Струга) – Средниот бек беше лидер на теренот во важната победа над Јуниор КВ.
Десен бек: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Босанскиот десен бек го водеше битолскиот тим до триумф кај Пролет.
Десно крило: Мице Шилегов (Голден Арт) – Десното крило со осум погодоци беше меѓу најдобрите поединци во составот на Голден Арт на мечот со Прилеп.
Пивот: Владимир Бојаниќ (Охрид) – Србинот постигна три погодоци на дуелот со Бутел, но имаше голем придонес и во одбраната на охридскиот тим.