На тренерот на Охрид му се слоши на полувреме – заврши во болница

Почетокот на второто полувреме на мечот Охрид – Бутел почна со доцнење бидејќи на домашниот тренер Горан Андоновски ненадејно му се слошило. По интервенција на лекарската екипа Андоновски останал во соблекувалната, а потоа е пренесен во охридката болница на дополнителни прегледи.

Во второто полувреме од клупата на Охрид раководи Наум Бабачев помошникот на Андоновски. Охрид на полуврем еимаше предност од 14-8, и е на прагот до вториот триумф сезонава.

Охриѓани во второто полувреме го одржуваат водството и имаа добра шанса да победат. Со новите бодови Охрид би останал теоретки во игра и за четвертото место на табелата што води во европските купови, а до крајот на првенството има уште седум кола.