Новиот дебитант во Женската лига, екипата на Скопје дојде до втора победа во плеј-аут фазата по домашниот триумф над Астибо од 35:29.
Тимот од Штип во првиот дел парираше само на стартот, беше рамноправен до 4:4 и во остатокот од првите 30 минути никако не можеше да направи камбек, односно да го преземи водството.
Избраничките на Радуловиќ и Будимир во најголемиот дел од првото полувреме беа во минимално водство од два до три гола разлика и на пауза заминаа со предност од 15:13.
Астибо се врати во второто полувреме, во неколку наврати успеавше да ја анулира предноста и да дојде до израмнување, но во последниот период беше целосно надигран од страна на домаќинот.
Најефикасна во победничката екипа беше Нина Неделковска со 12 погодоци, по шест запишаа Росана Павлова и Антонија Радевска.
Кај Астибо стандардно прв стрелец беше искусната Марија Анчева, која во голот на домашниот табор запиша 13 погодоци.