Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Прилеп, Вардар Неготино, Струга, Голден Арт и Бутел Скопје.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – TИКВЕШ 35-25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 32-23
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД 30-35
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 23-16
ВАРДАР НЕГОТИНО – ЈУНИОР КВ 31-25
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 23-22
СТРУГА – РАДОВИШ 31-21
СКОПЈЕ – ГОЛДЕН АРТ 27-29
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Голманот на бутелци собра 19 одбрани и беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Пролет.
Лево крило: Јан Чувара (Вардар) – Левото крило на вардаррци одигра само едно полувреме против Тиквеш, но и тоа беше доволно заедно со Манасков и Георгиевски да биде најдобар стрелец.
Лев бек: Мариани Гавашелишвили (Прилеп) – Грузискиот репрезентативец со шест гола ги водеше прилепчани до победа над дотогаш непоразениот тим на Куманово.
Среден бек: Марио Миланов (Голден Арт) – Средниот бек на Голден Арт беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Скопје.
Десен бек: лазар Адамовиќ (Вардар Неготино) – Српскиот десен бек постигна пет погодоци во важната победа на неготинци во борбата за опстанок над Јуниор КВ.
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Десното крило на битолчани со шест гола го водеше тимот кон победа над Охрид и рехабилитација по поразот во дербито од Вардар.
Пивот: Петар Маркоски (Струга) – Кружниот напаѓач на стружани беше меѓу најдобрите поединци во убедливиот триумф над Радовиш во борбата за суперлигашки опстанок.