Ќе биде пеколно на неделното дерби – останати уште 1.000 билети!

В недела ќе се игра првото големо дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во Скопје.

Од актуелниот македонски шампион информираа дека за дерби дуелот се останати уште 1.000 билети.

Сите љубители на ракометот, но и навивачи на двата табора билетите можат да ги купат преку продажната мрежа на МК Тикетс, односно на следниот ЛИНК.

Натпреварот меѓу двете водечки екипи на табелата кои имаат по 15 бодови ќе се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.

Правдата на овој дуел ќе ја делат судиите од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.