Норвешкиот Колстад, дрим-тим во создавање, сензационално загуби во натпреварот од 20 коло во тамошниот шампионат.
Иако избраниците на некогашниот селектор Кристијан Берге водеа со 20-14 по првото полувреме, сепак на крајот просечниот Фјелхамер триумфираше со 33-32.
Во вториот дел, Колстад имаше и плус седум, 23-16, но за само 20 минути гостите дадоа 16 гола и поведоа со 32-28, па немаше време за камбек на домашните.
Ова беше прв пораз на Колстад оваа сезона на домашно тло во 20 натпревари и сега има 38 бода на првото место, додека Елверум е втор со 32.
Сепак има уште многу да се игра потоа и во норвешкиот плеј-оф, па ќе биде интересно дали Елверум ќе ја одбрани круната и ќе може да аплицира за ЛШ, или тоа ќе биде засилениот Колстад со Сандер Сагосен.