Тимот на Дорнбирн, каде што настапува македонската интернационалка Марија Тасевска, забележа победа во австрискиот шампионат.
Дорнбирн беше подобар од составот на Фуксе со 29-23, а левото крило од Македонија беше меѓу најдобрите стрелци.
Тасевска успеа да постигне шест погодоци и ја продолжи одличната форма во која настапува во пролетниот дел од сезоната.
Следен предизвик за Тасевска и нејзиниот тим во Австрија ќе биде гостувањето кај составот на Грац.