Екипата на Подравка откако се раздели со екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, за привремено решение на клупата го ангажираше младиот Антонио Прањиќ.
Раководството на клубот за остатокот од сезоната реши да не ангажира нов тренер и одлучи да го назначи Прањиќ како главен предводник.
32-годишниот тренер, кој ги оправда очекувањата на клубот и не дозволи уште еден кикс на Подравка, по оној од Дуго Село, беше во улога на преоден тренер по заминувањето на Бабиќ.
Слична улога имаше и во 2021 година кога челниците на Подравка ја прекинаа соработката со тогашниот тренер Невен Хрупец.