Репрезентацијата на Шведска, која за време на ЕХФ неделата тестираше со Шпанија, против ,,црвената фурија” настапи без левото крило Лукас Пелас.
Тогаш сѐ уште не беше позната причината за отсуството на членот на Монпелје.
Сепак, Пелас во разговор за шведскиот весник „Handbollskanalen“ откри дека се онесвестил за време на забава, а при неговиот пад заработил потрес на мозокот и набиеници на пределот на лицето.
,,Саботата пред репрезентативниот собир бев во мојот дом затоа што славевме роденден на мајка ми. Потоа бевме излезени на вечера, во еден момент ми се слоши и мораше да одам во тоалет. Кога влегов во тоалетот паднав право на подот и потоа се онесвестив. Таму се разбудив и бидејќи беше јавен тоалет се обидов набрзина да излезам од таму, но потоа повторно се онесвестив. Веројатно имав среќа во целата несреќа. Имам директна пукнатина под окото и за моја среќа избегнав операција”, изјави Пелас.
Швеѓанецот ќе отсуствува најмалку шест до осум недели и нема да биде во можност да настапи на осминафиналето од Лига на Европа и евентуално во четвртфиналето доколку Монпелје избори пласман меѓу најдобрите осум екипи.