Заминува од селекторската клупа по осум години!

Еден од селекторите со најдолг стаж, Жорди Рибера, ќе си замине од кормилото на Шпанија во 2024 година.

Шпанеецот го најави повлекувањето во интервју за „Мундо Депортиво“, а тоа ќе се случи по Олимписките игри во Париз.

„Мојата идеја е да завршам по ОИ. Можеби фактот што Игрите во Токио беа поместени за една година ми дозволи да одработам два циклуси. Не жалам, туку напротив. Мислам дека ова е правилна одлука, бидејќи и договорот ми завршува договорот. Мислам дека направивме многу, а во нашата земја имаме многу одлични тренери што може да дојдат на моето место. Јас најверојатно можам да започнам друг проект“, вели Рибера.

Тој дојде на кормилото на Шпанија во 2016 година на местото на Маноло Каденас, а претходно ги водеше Бразил и Аргентина. Работеше и во Арате, Галдар, Бидасоа и Адемар Леон.

Со шпанската репрезентација досега освои шест медали на големите натпреварувања, а ќе има уште две шанси на ЕП 2024 и ОИ 2024.