Македонската интернационалка Бисера Паскал, која во оваа сезона брани во Бнеи Херцлија, продолжува со одличните настапи во шампионатот на Израел.
Паскал заедно со нејзината екипа по продолженија го совладаа тимот на Макаби Аразим Рамат Ган со 31:30, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 28:28.
На првиот дуел победи екипата на Макаби Аразим Рамат Ган, па така двете екипи ќе играат „мајсторка“ за пласман во финалето од најквалитетното натпреварување во Израел.
Голманката од Македонија имаше голем придонес во победата, бидејќи неизвесниот дуел го заврши со 15 интервенции.
Доколку Бнеи Херцлија победи на третиот натпревар, тогаш ќе има игра во финалето и ќе има шанса да се бори за титулата.
Во финалето место обезбеди тимот на Хапоел, кој ги доби двата дуели со Макаби Ришон Ле Зион, екипа во која настапуваат Драгана Петковска и Ана Марија Божиновска.