Јавноста бесна: Репрезентацијата загубила двоцифрено, федерацијата криела резултат!

Во машкиот ракомет во Романија продолжуваат лошите резултати на репрезентативно ниво.

Откако сениорската репрезентација беше поразена на првиот дуел од Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2024, пионерите одиграа катастрофално против Унгарија.

Во текот на ЕХФ неделата кога покрај сениорите, активни сѐ и помладите репрезентативни категории, пионерската репрезентација на Романија одлучи да тестира против Унгарија и на двете пријателски средби беше убедливо поразена.

Романија на првиот контролен дуел доживеа катастрофален пораз од 51:29 (28:15), додека на втората контролка мина полесно и загуби со 40:28 (17:12).

Романската федерација бидејќи не ги објави резултатите од пријателските средби со Унгарија, односно ги „стави под тепих“ ,предизвика револт кај ракометната јавност во Романија и дел од медиумите низ статии упатија низа критики кон раководните лица на федерацијата.

За потсетување, кадетите на Романија тестираа со Македонија во Автокоманда и на двапати беа поразени од избраниците на Раде Стојановиќ.