Тимот на Дорнбирн, каде што игра македонската интернационалка Марија Тасевска, загуби минимално на домашен терен од Корнебург со 32-31.
Ова беше натпревар од 16 коло во австрискиот шампионат, а нашето лево крило одново пружи одлична партија.
Тасевска беше најдобар стрелец во домашната екипа и постигна осум погодоци, а заработи и едно исклучување.
Дорнбирн и во следното коло ќе игра на домашен терен, ќе ја пречека екипата на Фуксе и ќе има шанса да брка позитивен резултат.