- Шпанскиот репрезентативец Абел Сердио го продолжи договорот со Висла Плоцкк за уште две сезони и некогашниот член на Барселона, ќе остане во полскиот вицепрвак до 2025 година.
- Унгарската репрезентативка Ноеми Хафра во следната сезона ќе ги брани боите на црногорскиот шампион Будуќност. Левиот бек доаѓа на позајмица од Ѓер, откако претходната сезона беше членка на данскиот Оденсе.
- 22-годишната шпанска репрезентативка Алба Спуњини заминуа од Рокаса и на лето ќе се пресели во романскиот тим Баја Маре. За репрезентацијата на Шпанија кружниот напаѓач настапи на 17 меча досега.
- Германскиот Некарсулмер објави за постигнатиот договор со австриската голманка Лена Иванчок. 21-годишната Хрватка со австриски пасош последните три сезони ги мина во Локомотива Загреб.
- Полскиот Азоти Пулави објави дека од следната сезона ќе биде посилен за украинскиот репрезентативец Дмитри Тјутјуник. Кружниот напаѓач во моментов игра за Мотор Запорожје и е меѓу најдобрите стрелци.
- Француското лево крило Етиен Моке, кој оваа сезона од Трембле се пресели во Спортинг Лисабон, ја продолжи соработката со португалската кипа и за следната сезона.
- Францускиот Лимож објави за постигнатиот договор со шпанскиот среден бек Хон Аске. 28-годишниот плејмејкер во моментов е член на Бидасоа, а во Лимож ќе го замени Јоав Ламбросо кој оди во полскиот Келце.
- Португалската Бенфика е пред потпис со десното крило на норвешкиот Елверум, Кристофер Хедберг. Швеѓанецот кој има 30 години за Елверум игра од 2021 година, а оваа сезона во ЛШ постигна 21 гол.
ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Сердио не мрда од Висла Плоцк, Хафра ќе ја спасува кариерата во Будуќност…
Од:Фото: РК Ѓер