Тимот на Дунареа Браила, каде што настапува македонската репрезентативка Јована Саздовска, направи голем успех.
Браила славеше на гостински терен во четвртфиналето од Купот на Романија против Корона Брашов со 28-26 и обезбеди место на Ф4.
Саздовска и нејзиниот тим водеа на полувреме со 16-13, па иако домаќинот се приближи во вториот дел, сепак успеаја да слават на незгодното гостување.
Покрај Дунареа Браила, место на Ф4 во Купот на Романија обезбедија и ЧСМ Букурешт, Глорија Бистрица и Таргу Жиу.
Двојките и домаќинот на завршниот турнир ќе бидат дополнително познати.