На квалификацискиот натпревар меѓу Белгија и Грција, на кој триумфираа ракометарите на нашиот јужен сосед со 26:24, пред стартот на дуелот се случи комична ситуација.
Ракометната федерација на Белгија за натпреварот го пријавила Бенџамен Данеси, кој не беше повикан во репрезентацијата, наместо неговиот помлад брат Себастијан.
По натпреварот се испостави дека вработените во ракометната куќа во Белгија при подготовката на официјалниот записник направиле грешка во пополнувањето и поради тоа на протоколот се појавил Бенџамин, а не еден од лидерите на тимот, 22-годишниот Себастијан.
Неколку ракометари на белгиската репрезентација изразија незадоволство од киксот на Федерацијата.
,,Трката на 100 метри ја започнавме со заостанати 50 метри. Срамота е за мене и за сите што вложуваат многу напор за репрезентацијата“, изјави голманот Џеф Летенс.
Белгија со поразот од Грција ги изгуби шансите за евентуален пласман на Европското првенство 2024.