Откако во претходните два дена вниманието на ракометната јавност беше насочено кон квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2024, денес ни претстои мирен ден.
На денешната програма ќе има малку натпревари и ќе се игра само во неколку шампионати во Европа.
Македонската интернационалка Зорица Десподовска заедно со екипата на Кобержице ќе имаат нов предизвик во полскиот шампионат.
Екипата на Десподовска ќе игра дерби дуел со незгодниот состав на Пјотрковија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:45 КОБЕРЖИЦЕ – ПЈОТРКОВИЈА
18:00 БОР – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА)
18:00 ЉУБЛИН – ЈАРОСЛАВ (ПОЛСКА)
18:00 АЛБА – МТК (УНГАРИЈА)
18:00 ДЕБРЕЦЕН – БУДАРОШ (УНГАРИЈА)
18:00 ФТЦ – ШИОФОК (УНГАРИЈА)
19:00 ХАУКАР – ИБВ (ИСЛАНД)
20:30 ТУЛОН – МЕЦ (ФРАНЦИЈА)