Франција немаше милост за „новата“ Полска

Селекцијата на Франција ја забележа третата победа во квалификациите за Европското првенство и го потврди пласманот на континенталниот собир, откако славеше кај Полска со убедливи 38-28.

Полска, која по Мундијалот во јануари остана без селекторот Ромбел и искусните Крајевски, Томаш Гебала и повредениот Пиетрасик, немаше сили да парира.

Дилан Наи со десет гола беше убедливо најдобар стрелец кај светскиот вицепрвак, додека кај домашните се истакна Видомски, кој постигна пет погодоци.

Сега Франција е осамена на врвот по три кола со шест бода, Полска има четири, додека Италија и Летонија во меѓусебниот натпревар ќе се борат за прв триумф и останување во трката по место на ЕП.