По заминувањето на Едуард Кокшаров од Ростов Дон, рускиот тим го назначи за негов наследник Александар Буримистров до крајот на сезоната.
Рускиот „Брз Центар“ најави дека иако има опција дека соработката со Буримистров да биде продолжена и за следната сезона, сепак постојат и други варијанти за тренерското столче од лето.
Меѓу имињата што се споменуваат меѓу можните нови тренери на Ростов Дон е некогашната руска репрезентативка Ирина Дибирова, која првото и единствено тренерско искуство го имаше во македонскот првак Вардар.
Руската легенда го водеше Вардар во сезоната 2016/17, кога го замени Давид Дејвис, а следната сезона заедно со Роберто Гарсија Парондо го однесоа клубот на завршниот турнир во ЛШ. Два пати Вардар во финалето губеше од унгарскиот Ѓер.
Дибирова со селекцијата на Русија освои медали на сите големи натпреварувања и имаше богата и успешна кариера во Ростов Дон, Лада Тољати и Звезда Звенигород и данскиот Шлагелсе.