Селекцијата на Португалија на 9 март ја очекува дуел против репрезентацијата на Македонија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Иако Португалија исто како и Македонија, со неколку промени ги стартуваше подготовките за двомечот со нашата селекција, сепак, е истакнат фаворит против избраниците на Кире Лазаров.
Еден од подобрите играчи во таборот на Переира, десниот бек Диего Силва имаше пофални зборови за македонската репрезентација и изјави дека воопшто нема да биде лесно во Скопје.
,,Македонија е многу комплицирана репрезентација, тие имаат голема традиција. Можеби не се во најдобро форма, но сите знаеме дека е секогаш тешко да се игра против нив, особено на домашен терен. Некои од сегашните репрезентативци имаат играно во Скопје и знаеме дека секогаш е тешко, мора да одиграмо максимално за да направиме поволен резултат”, изјави Силва.
Македонија и Португалија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 9 март со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Реваншот меѓу двете селекции ќе се одигра три дена подоцна, на 12 март во Матосињос.
Переира: Мора да бидеме подготвени за два тешки меча со Македонците