Македонската репрезентативка Јована Саздовска, во следната сезона би можела да ја смени средината.
Левото крило, кое во Романија игра долги години за Магура Чиснадие и Дунареа Браила, според информациите на „Handballnews.rо“, ќе се пресели во Слатина.
Амбициониот клуб би можел да биде третиот романски клуб за кој би заиграла македонската репрезентативка.
Саздовска во Македонија ги носеше дресовите на Вардар и Металург, а на меѓународна сцена го носеше дресот и на германскиот Турингер.
Своевремено дресот на Слатина го носеше поранешната репрезентативка Елена Ливриниќ.