Mитревски и Порто со пресврт до место во четвртфиналето од Купот

Капитенот на Македонија, Никола Митревски, последен ќе се приклучи на националниот тим, бидејќи имаше клупски обврски со Порто.

Неговиот тим играше натпревар од осминафиналето на Купот на Португалија и обезбеди пласман во следната рунда.

Порто победи кај Виторија со 40-27, иако на полувреме имаше еден погодок негатива, 17-16. Митревски му овој дуел ќе се приклучи на репрезентацијата.

Порто на 7 март ќе го добие ривалот во четвртфиналето од Купот на Португалија каде што веќе се пласираа Бенфика, Спортинг, Белененсенс, Боависта, Повоа, Брага и Мадеира