Охрид не успеа да освои бодови против тимот на Алкалоид, откако тимот од Автокоманда славеше со 32-26.
Победникот беше решен во средината на вториот дел на мечот, кога гостинските ракометари со серија од шест гола при резултат 23-23 ја направија клучната предност за победата.
Тренерот на Охрид, Горан Андоновски смета дека клучот за победата на гостите била нивната поголема клупа.
,,Мислам дека 45 минути натпреварот беше во егал и во последните 15 минути одлучи нивната поголема ротација, ние имаме повредени играчи, не можевме да ротираме, тие изиграа поцврсто во последниот период и секако немавме помош од голманите, имаа вкупно пет-шест одбрани и со толку одбрани не се добива натпревар. Алкалоид заслужено победи и со оваа победа веќе чекори меѓу најдобрите три екипи, додека за 4. позиција на табелата во игра се сите останати тимови”, изјави Андоновски.
Охрид во следното, 5. коло за противник го има тимот на Пролет.