Поранешен тренер на Вардар го презема Мешков Брест?

Поранешниот стратег и спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров, кој неславно ја заврши својата авантура во Ростов Дон, може да биде новиот предводник на белорускиот шампион Мешков Брест, пишува ,,BYsport”.

Кокшаров во понеделникот остана без клупски ангажман, откако со неговиот довчерашен клуб Ростов Дон спогодбено ја прекина соработката.

Довчерашниот тренер на Ростов Дон беше селектор на машката репрезентација на Русија, која ја водеше на Светското првенство во 2019 година во Германија и Данска, како и на ЕП во Австрија (2020), но сепак, не успеа да се снајде во женскиот клупски ракомет.

Тимот на Мешков Брест моментално е предводен од Василиј Островскиј, кој е преодно решение на раководството на белорускиот клуб.

За потсетување, во текот на месец февруари Мешков Брест остана без главниот тренер Дмитри Тихон.