Тимот на Чаир славеше убедливо на последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од Женската лига.
Избраничките на Басри Љатифи триумфираа против косовскиот шампион Истогу со 12 гола разлика, 32-20, откако и на полувреме водеа со 18-8.
Ова е четврта победа на исто толку одиграни пријателски натпревари за Чаир во текот на подготовките.
Пролетниот дел и разигрувањето за титулата во Женската лига ќе стартува следниот викенд, на 11/12 март.