Српскиот шампион Војводина утре ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер во натпревар од регионалната СЕХА лига.
На првиот дуел победа забележа тимот на Војводина, триумфираше со пет гола разлика, 29:24.
Утрешниот ривал на Еурофарм Пелистер поради обврски во Купот на Србија, како и во домашниот шампионат, во Битола ќе допатува во младинци.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Војводина ќе се одигра утре, со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Војводина со двете победи, против Нексе и Еурофарм Пелистер, има шест бода на свое конто, хрватскиот вицепрвак Нексе три бода, додека битолскиот тим е без бодови.