Денес ќе стартува последното, 14. коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
На денешната програма ќе се одиграат три дуели во терминот од 18:45 часот и два дуели во терминот од 20:45 часот.
Хрватскиот шампион Загреб за сигурен пласман во осминафиналето ќе треба да го победи ГОГ во Данска.
Доколку избраниците на Славко Голужа не успеат да се израдуваат против данскиот првак, тогаш ќе чекаат услуга од Порто, кој во утрешниот дуел ќе ја пречека Висла Плоцк.
Во случај Загреб да биде поразен, а Висла Плоцк до го победа против Порто, последниот патник во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе биде полскиот вицепрвак.
Екипата на Веспрем, која се уште има шанси за директен пласман во четвртфиналето, ќе му биде гостин на најбогатиот европски клуб ПСЖ.
Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска и екс ракометарката на Вардар и Металург, Ивана Гакидова, со екипата на Коњалти ќе го одиграат првиот дуел од четвртфиналето против Измир во Европскиот Куп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 КОЊАЛТИ – ИЗМИР (ЕВРОПСКИ КУП)
15:00 БАЈА МАРЕ – ГЛОРИЈА БУЗАУ (РОМАНИЈА)
16:30 СТЕУА – ТЕМИШВАР (РОМАНИЈА)
17:00 ВАСЛИУ – БАКАУ (РОМАНИЈА)
17:30 ФОЧАНИ – ОДОРХЕИ (РОМАНИЈА)
18:00 РАМАТ ХАШАРОН – ХАПОЕЛ ЛЕ ЗИОН (ИЗРАЕЛ)
18:30 МАКАБИ – ХАПОЕШ АШДОД (ИЗРАЕЛ)
18:30 БНЕИ ХЕРЦЛИЈА – ХОРОН (ИЗРАЕЛ)
18:45 ЦЕЛЈЕ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ЕЛВЕРУМ – КИЛ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 СЕГЕД – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:30 ТУН – БЕРН (ШВАЈЦАРИЈА)
20:30 РУБИЕРА – ФАСАНО (ИТАЛИЈА)
20:45 ГОГ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ПСЖ – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ)