Тимот на Вецлар, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, а дел од стручниот штаб е Филип Миркуловски, загуби во 21 коло од Бундес лигата.
Вецлар беше поразен на домашен терен од составот на Ерланген со 35-28, откако и на полувреме губеше со 17-14.
Кузмановски доби минутажа, успеа да постигне три погодоци од пет обиди на овој дуел и заработи едно исклучување.
Вецлар останува на 16 место на табелата во Бундес лигата, а следен предизвик ќе биде тешкото гостување кај Рајн Некар Левен.