Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона го објави конечниот список на играчи за двомечот со Норвешка во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Србија и Норвешка во досегашниот тек од квалификациите имаат максимален учинок, две победи, против репрезентациите на Финска и Словачка.
Сепак, ракометарите на Србија ќе сакаат да им се одмаздат на Сагосен и колегите за поразот на Светското првенство во Катовице. Норвешка во првиот дуел од главната фаза на Мундијалот ја совлада Србија со 31:28 и ја остави без големи шанси за четвртфинале.
Херона за дуелите со Норвешка ќе смета на 18 играчи, еден од нив е дебитант. Станува збор за кружниот напаѓач Лука Роган, кој со младинската репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на Европското младинско првенство минатата година.
Токму Роган е единствениот ракометар кој доаѓа од шампионатот на Србија. Списокот е надополнет со екс членовите на Вардар, Металург, Работнички и Охрид: Дејан Милосављев, Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Стефан Додиќ и Предраг Вејин.
Список на Србија за дуелите со Норвешка
Голмани: Владимир Цупара, Дејан Милосављев
Леви крила: Немања Илиќ, Вања Илиќ
Пивоти: Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек, Лука Роган
Десни крила: Богдан Радивојевиќ, Вукашин Воркапиќ
Бекови: Петар Ѓорѓиќ, Илија Абутовиќ, Урош Борзаш, Лазар Кукиќ, Марко Милосављевиќ, Стефан Додиќ, Милош Орбовиќ, Јовица Николиќ, Предраг Вејин
Србија првиот дуел со Норвешка ќе го одигра на 9 март во Нови Сад, додека реванш средбата е закажана за 12 март во Улсет.