Тимот на Кобержице, каде што игра македонската интернационалка Зорица Десподовска, од третото место ќе стартува во плеј-офот за титулата во Полска.
Иако Кобержице загуби на гости кај Јарослав со 25-22, сепак тоа не менува ништо во конечниот пласман.
Десподовска на мечот против тимот што го елиминира Ѓорче Петров од Европа, постигна три погодоци.
Кобержице има за играње уште еден натпревар од регуларниот дел на гости кај Заглебје Лублин, пред стартот на плеј-офот.